Прва тужба против родова дискриминација во спортот
Полициските боречки клубови „Безбедност“ и „7-ми мај тигар“ ја тужат Боречката Федерација поради наводи дека не давала едвакви можност на жените и мажите борачи. Денеска во Основниот суд – Скопје 2 се одржа првото подготвително рочиште каде беше образложена тужбата од страна на тужителот.
Адвокатот Благоја Пандовски, застапник на тужителите вели дека две врвни борачки не добивале еднаков третман во однос на машките борачи.
-Нашите натпреварувачки се дискриминирани во однос на начинот и критериумите за избор на меѓународните првенства, како нивниот пристап до овие меѓународни првенства. Она што се кажува од страна на тужениот е всушност обид за дефокус на судот од прашањето на дискриминација. Се сака да се насочи судот повеќе на на кредибилитетот на застапникот на третотужителот боречкиот клуб „Безбедност“ отколку на самото прашање кое е предмет на оваа тужба, вели Пандовски.
Одбраната, пак, вели дека наводите во тужбата не се точни. Според адвокатот Асмир Алиспахиќ, застапникот на клубот „Безбедност“, Страши Глигоров е суспендиран доживотно од страна на Боречката федерација.
-Станува збор за каприц за обид секојдневно да се конфронтира со претставници од Боречката федерација. Имено, основа на тужбеното барање прво ниту за судот, ниту за тужената страна не беше разбирлив. Оттука, судот го задолжи тужителот да го уреди тужбеното барање на начин што ќе наведе каде и кога наводно е сторена таа дискриминација по основ на пол и род како што наведуваат тужителите. А ние, јасно и децидно тврдиме дека никогаш во историја на постоењето на Боречката федерација, па ниту сега, ниту во иднина, ниту се правела каква било дискриминација по основ на пол и род. Напротив, сите успешни клубови и сите успешни натпреварувачи се инкомпорираат и вклучуваат инклузивно во делот на натпреварувањето на меѓународно и национално ниво, истакна Алиспахиќ.
Тужителот во соопштението кое го испрати вели дека за случајот е запознаена и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација која смета дека во конкретниот случај има основ за дискриминација во областа на родовите права.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл