Прва средба на високо ниво помеѓу ЕУ и САД за трговијата по тензиите
Американскиот претставник за трговија Роберт Лајтхајзер денеска престојува во Брисел, каде ќе се сретне со еврокомесарка за трговија Сесилија Малмстром на нова рунда трговски разговори.
Ова е прва средба меѓу Малмстром и Лајтхајзер по релаксирањето на односите помеѓу Брисел и Вашингтон минатиот месец, откако ЕУ и САД беа на чекор од трговска војна.
Според европски извори во Брисел, не се очекува двете страни да разговараат за „чувствителни теми“, како што се извозот на автомобили и земјоделски производи.
Откако ескалираа тензиите во првата половина од оваа години со воведувањето високи царини од страна на САД за европскиот челик и алуминиум, претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, отпатува на средба со американскиот претседател Доналд Трамп, на која беше постигнат договор Вашингтон да не ги оцаринува европските автомобили, но се уште има многу несогласувања помеѓу двете страни.
Малмстром и Лајтхајзер на разговрите ќе се обидат да ги надминат овие разлики.
Двете страни треба да разговараат за реформа на Светската трговска организација, зголемување на увозот на американските природен течен гас во ЕУ и за намалување на царините.
Европската страна ќе се обиде да ја убеди американската да не воведува царини во висина од 25 отсто на европските автомобили. Една од опциите кои се разгледуваат за да се избегне ваква мерка е да се преговара за увоз на американско говедско месо без хормони. Пристапот до европскиот пазар за американските земјоделски производи е едно од барањата на американската страна.
Ново на Сител
-
Зеленски: Договорот за Газа е добар моментум за завршување на војната во Украина, ни треба мир
-
Трамп: Средба во Будимпешта само со САД и Русија, но ќе бидеме во контакт со Украина
-
МКС очекува апсење на Путин на пат кон Унгарија
-
71-годишна жена измамена со лажна сообраќајна несреќа за сума од 36.300 евра
-
Путин го свика рускиот Совет за безбедност за да го информира за разговорот со Трамп
-
Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето
-
Жена во Карош со автомобил удрила во автомобилот на партнерот, па му ги дупнала гумите и физички го нападнала
-
Непознато лице од автомобил пукало кон дом во Ѓорче Петров, пронајдени две зрна и оштетување во домот