Прва отштета за смрт предизвикана од вакцина против Ковид-19
Вики Спит од Велика Британија, чиј партнер почина по вакцинација со АстраЗенека, е првото лице што доби отштета поради смрт предизвикана од вакцинирање.
Спит доби максимална отштета во износ од 120.000 фунти, околу 140.000 евра. Но, за неа тоа не е доволно и надоместокот не е соодветен, јави Би-би-си.
Таа повикала брза помош на 13 мај минатата година, кога на нејзиниот партнер му се влошила здравствената состојба поради „мачни“ главоболки. Шест дена подоцна, тој починал во болница во Њукасл.
Во неговата посмртница е наведено дека пациентот „починал по компликации од вакцина“.
Спит, која има 38 години, тврди дека влегла во долгови откако ја снемало заработката на нејзиниот партнер. Според неа, таа требало да добие околу 180.000 фунти или близу 210.000 евра.
Како што таа посочува, Зајон бил здрав, во добра физичка форма и би имал шанси да преживее, доколку лекувањето започнело порано.
Таа нагласи дека по неговата смрт, црниот дроб и бубрезите на Зајон се донирани и со тоа се спасени животите на три лица.
Џејмс Бел, партнер во специјализирана адвокатска канцеларија за спорови настанати поради медицинска негрижа, исто така смета дека британскиот систем за компензација не е доволно усогласен.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка