Прва награда за монодрамата „Таа“ на Оливера Аризанова на фестивал во Бугарија
Монодрамата „Таа“ на актерката Оливера Аризанова од Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица доби прва награда на Европскиот фестивал на патувачки театар, што се одржа во Сливница, Бугарија. На фестивалот учествувале театри од Бугарија, Чешка, Молдавија, Србија и од Македонија.
- Ова е моја прва награда и многу ми значи. Верувам дека за секој актер и за секој творец кој ќе ја добие, наградата му е признание за долгогодишната работа. Во мојот случај - на сцената на Струмичкиот театар. Претставата е одиграна 34 пати, утре ќе биде 35-тиот пат. Премиерата беше во 2010 година. Со режисерот Васил Михаил ја обновивме и, еве, добивме меѓународно признание, рече Аризанова на прес-конференција.
Уметничкиот директор Драган Маџиров рече дека во чест на меѓународното признание, Струмичкиот театар во три дена ќе организира Денови на театарот и покрај наградената монодрама „Таа“ ќе ги изведе и претставите „Ни ќар, ни зијан“ и „Шуми“.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?