Фудбал
29. November 2020 - 16:59

Прва МФЛ: Триумф на Силекс во Битола, дербито во ЃП без победник

Фудбалерите на Силекс извојуваа значајна победа во Битола каде го совладаа домашниот Пелистер со 2-1 во викенд 13. коло од домашното првенство.
Кратовчани поведоа со 2-0 со головите на Мустафов и Ристов a единствениот погодок за домашниот тим го постигна Драгарски.