Прв случај на делта сојот во Албанија
Во Албанија е регистриран прв случај на заразен со Делта сојот на коронавирусот. Се работи за иселеник кој допатувал од Велика Британија, пренесува Топ чанел.
Според истиот извор споменатото лице уште во земјата во која живеело имало благи симптоми, поради што направило тест пред да замине и еден ден по пристигнувањето во Тирана, англиската лабораторија му испратила одговор дека е позитивно на Делта.
-Да можно е да влегол веќе заразен. Овој период имаме многу лица за влез и излез. Исто така оваа мутација е веќе потврдена во соседните земји. Уште повеќе што се предвидува дека Делта ќе преовладува. Но, ова можеби не е единствениот случај. На крајот на краиштата, луѓето доаѓаат во нашата земја од места заразени со Делта а за влез не бараме минимум ни негативен тест, изјави за телевизијата Скендер Братај, директор на Националниот ургентен центар.
Братај, кој е и член на Комитетот на експерти за справување со пандемијата додава дека сеуште се чека резултат за повеќе сомнителни случаи чии тестови се испратени во референетната лабораторија во Германија.
-Негативна страна е што бројот ќе се зголеми, што фаворизира понатамошен раст наесен и тоа е проблемот во цела Европа, затоа што веќе се зголемува бројот на оние кои се хоспитализирани. Најпогодени се млади под 30-годишна возраст и невакцинираните, посочува Братај.
Во меѓувреме во земјата продолжува вакцинацијата на населението а пристигна и нова пратка од 18.920 дози вакцини од Фајзер.
-Аеродром „Мајка Тереза”- Пристигнаа 18.720 дози вакцина Фајзер, со што бројот на вакцини досега пристигнати во Албанија достигна 1.238.790. Албанија се насмевнува, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава