Македонија
14. July 2020 - 16:56

Прв пат гласање во старски домови

Гласањето во старски домови е уште една новина на годинешниве предвремените парламентарни избори. 357 повозрасни граѓани денеска за прв пат го остваруваа гласачкото право во 17-те домови за стари лица низ државата каде и се згрижени. Еден од домовите го посетија и членови на ДИК за на лице место да видат какос е одвива гласањето.

-Гласањето во 17 домови за стари лица низ државата се одвива одлично и без никакви проблеми. Навистина ми е драго што присуствував на овој настан затоа што исклучително добро е организирано ова гласање,  информираше Оливер Дерковски, претседател на Државната изборна комисија.

Во текот на денот своето гласачко право под посебни протоколи можат да го остварат и 8852 болни и изнемоштени лица ширум државата сместени во здравствена установа или се на домашно лекување.