Прв академски час на УКИМ за почеток на новата студиска година
Факултетите на најстариот и најголем универзитет во Македонија „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска ќе го одбележат почетокот на новата академска 2017/2018 година со прв академски час за новозапишаните студенти.
Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски ќе присуствува на свечен прв академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а потоа и на Факултетот за земјоделски науки и храна.
- Обраќајќи им се на студентите на овие два факултета, ректорот Јанкуловски симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, соопшти УКИМ.
Во Конкурсот на УКИМ за 2017/2018 беа слободни вкупно 10.818 места за студенти на прв циклус студии: 5865 за редовни студенти, 3793 места за редовни со кофинансирање на студиите и 1160 за вонредни студенти.
Ново на Сител
-
САД водат разговори со Хамас и ја повикаа групата да ги ослободи заложниците
-
Израелска армија: Цивилите да се евакуираат од градот Газа кон југ
-
Сончево и топло со температури до 36 степени
-
Украинско МО: Моментално на територијата на Украина има околу 700.000 руски војници
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица до еден час
-
Вучиќ: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава ќе биде процесуиран
-
Трамп потпиша наредба за преименување на Министерството за одбрана во Министерство за војна
-
Ново Грен слем финале Синер – Алкараз