Македонија
4. December 2020 - 16:43

Протести на тутунари во Струмичко?

Со мирен протест тутуно производителите од струмичкото село Градашорци го искажаа нивното незадоволство од лошиот старт на откупната сезона. Револтирани се од ниската цена и според нив лошата проценката на тутунот. Велат за истиот квалитет како лани годинава добивале една до две класи пониско. Бараат реакција од владат и укинување на четвртата класа.

,,Почетокот на откупот оваа година е катастрофален. Ние како производители на тутун сакаме четворката да ја нема, да се покачат цените и да се откупи целиот тутун.,, вели еден од производителите на тутун од Градашорци

,,Сакаме помош од владата да ни помогне. Да нема четворка, да нема и тројка и целиот тутун да се откупи бидејќи не знаеме што да правиме.,, рече друг производител на тутун од селото Градашорци

Доколку не биде одговорено на нивните барања и не биде решен проблемот, пред се со проценката,  тутуно производителите најавуваат продолжување на протестите.

За лошиот старт на откупот на тутун пред два дена реагираа и од здружението на тутуно производители Басмак од Василево според кои просечната цена од околу 150 денари за килограм е далеку во однос на квалитет на произведениот тутун.