Протест за чист воздух и овој петок во Скопје

Протестен марш за чист воздух се одржа и попладнево во центарот на Скопје. Иницијативата „Петоци за иднината“ бара да се исполнат сите нивни седум барања, зашто досега се реализирани само две – завршување на процесот Иловица-Штука и сторнирање на намалувањето на казните во областа на екологијата.
-Меѓутоа, има уште пет барања меѓу кои главните две се забрана за увоз на ѓубре што се користи како гориво и кривичната постапка за ОХИС. Досега немаме никаков одговор од Владата иако добар дел од прашањата пред неколку дена беа презентирани на Советот на безбедност што се одржа на иницијатива на претседателот на државата, изјави Владимир Куновски.
Додаде дека и во 2020 година ќе продолжат со протестите за чист воздух во кои се обединети 40-ина здруженија. Очекува и возрасните граѓани да се придружат на иницијативата, по примерот на средношколците кои минатиот петок масовно излегоа на протест и ја бојкотираа наставата.
Маршот почна пред Министерството за животна средина и просторно планирање и заврши пред Владата
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
