Протест во Мадрид против амнестија на каталонските сепаратисти

Десетици илјади Шпанци излегоа денеска на улиците на Мадрид за да протестираат против потенцијалниот план на вршителот на должноста премиер Педро Санчез да им даде амнестија на каталонските сепаратисти за да останат на функцијата по изборите што не ги доби. Околу 40.000 приврзаници на опозициската Конзервативна партија (ПП) излегоа на улиците на главниот град од цела Шпанија.
Санчез, чија партија заврши на второто место на изборите во јули, сепак би можел да остане премиер доколку ја добие поддршката од прогонетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемонт, чија партија Заедно за Каталонија има седум места во парламентот. Шпанија издаде налог за апсење на Пуџдемон поради обид за отцепување на источниот регион, а како услов за поддршка на социјалистите, тој побара отфрлање на обвиненијата против него и другите сепаратисти.
Алберто Нуњез Фејо, лидерот на ПП, прв на изборите во јули, рече дека никогаш нема да попушти пред барањата на организаторите на нелегалниот референдум за независност во 2017 година. Повлекувањето на обвиненијата би значело давање амнестија на оние кои стојат зад пучот, им рече тој на поддржувачите во Мадрид.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
