Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред затворот во Шутка

Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Никола Груевски вечерва протестираа пред затворот во Шутка како поддршка за приведените во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април.
Учесниците бараат итно и безусловно запирање на сите процеси, на како што велат „политички прогон, малтретирање, терор и иживување и ослободување на сите лица кои се цел на тој политички прогон“.
Според професорот Александар Даштевски конструкцијата на делото е смешна и дека нема никакви основи за тероризам.
Лицата кои се во притвор за ова дело, рече тој, се пријатели на цела Македонија.
- Првата причина некому да се одреди притвор е можноста да избега од државата. Дали овие седум месеци некој од нив можеше да избега? Никој не избега. Затоа нема основа, додаде тој.
Влатко Ѓорчев ги поздрави актерите од МНТ затоа што покажале солидарност со својот колега, Владо Јовановски.
Актерската екипа на театарската претстава „Ничија земја“ ја откажа вчерашната претстава во знак на солидарност кон Јовановски, кому Кривичниот суд вчера попладне му одреди 30-дневен притвор за настаните во Собранието од 27 април.
- Тоа е театарот на Ристо Шишков, а денеска Владо Јовановски стана новиот Ристо Шишков. Зарем актер кој никого не нападнал, не удрил, не раскрварил треба да биде суден за тероризам, за дела против државата и уставниот поредок, порача Ѓорчев.
Веќе неколку дена во фокусот на јавноста е апсењето и правната разврска за настаните од 27 април.
Собрание вчера одобри барањето на Кривичниот суд за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.
Шестмината пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април.
Апсењата на осомничените за настаните од 27 април почна во вторникот кога меѓу приведените беа и поранешниот министер за внатрешни работи и директор на УБК, Митко Чавков, шесте пратеници и предводниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. На дел од нив им беше одредена мерка притвор од 30 дена, а дел добија куќен притвор.
Поранешниот министер за внатрешни работи Чавков, на кој исто така му е одредена мерка притвор од 30 дена, штрајкува со глад.
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
