Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа повторно протест пред Министерството за правда и ги повика сите да се придружат се додека не се спроведе вистинската правда.
- Ги повикуваме сите, сите добронамерни Македонци, да излезат на улица се додека не се спроведе вистинската правда и овие луѓе кои што на смешен начин се обвинети за тероризам, а сите претходно уапсени за случајот од 27-ми април. Цел народ треба да се дигне на нозе, јас тоа го чувствувам и за скоро време ќе биде така, рече пред присутните Дарко Костовски.
Тој порача дека остануваат на улица се додека не победат, а како што кажа нивната победа е слобода за Македонија.
Нермин Теловска порача дека мора да се пуштат на слобода и да не се гонат недолжните луѓе, а оваа, како што рече, срамна одлука за притвор на пратениците ќе ја споделиме и со целата меѓународна јавност.
На простестот, кој е против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава, се придружи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Претходно во период од 15 до 17 часот ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше крстосниците кај „Мавровка“, помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош и кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Ново на Сител
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
-

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
