Проширување на мрежата на градинки и центри за ран детски развој на владина седница
Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 105-тата седница на која ќе ја разгледа информацијата за проширување на мрежата на детски градинки и центри за ран детски развој во Република Македонија.
Како што соопшти владинта прес-служба на седницата ќе биде разгледана информација во врска со одржување на Шеснаесеттиот состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница на 29-ти ноември 2018 година во Скопје, како и информацијата за иницијативата Република Македонија да биде земја домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи“ во 2019 година.
Министерството за одбрана на денешната седница ќе ја презентира информацијата за преземените мерки за натамошниот развој и промоција на „Криволак“ како меѓународен полигон за обука и извежбување.
Министрите во Владата на РМ денеска ќе бидат запознаени и со информацијата за Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година, а Министерството за образование и наука ќе информира за отпочнување на постапката за формирање Национален совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.
На денешната седница на Владата на РМ ќе се најде и информацијата за проширување на мрежата на детски градинки и центри за ран детски развој во Република Македонија.
На предлог на Собранието на РМ, министрите во владата денеска ќе донесат мислење за финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2019 година, како за финансискиот план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за идната година.
На денешната седница, ќе се најдат и повеќе други точки од надлежност на Владата на РМ, како и од програмата за работа, во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани