Свет
2. November 2015 - 16:11

Проширена областа за пребарување на остатоците од рускиот авион во Египет

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска на 30 квадратни километри ја прошири областа за потрага по телата на жртвите и остатоците од авионот „А 321“, што се урна на египетскиот остров Синај, соопшти министерот Врадимир Пушков.

Пушков за каналот „Русија 24 ТВ“ изјави и дека одлуките за операцијата на потрага се донесени во  соработка со египетските колеги.

- Личните предмети на патниците се однесени од местото на несреќата. Развиваме планови и програми за идната работа и продолжуваме да ги спроведуваме сите неопходни акции се додека не ја завршиме потрагата, додаде Пушков, пренесува ТАСС.

Пушков рече и дека спасувачите во потрагата по телата на жртвите користат дронови од руско производство, како и посебни технологии што им ја олеснуваат работата во тешки услови.

Министерот додаде дека потрагата ќе биде продолжена се додека сите тела и делови од тела на жртвите не бидат пронајдени.