Пронајдени двете девојчиња од Струшко, кои пред два дена се оддалечиле од дома
Полициски службеници денеска ги пронајдоа двете девојчиња од струшко, што завчера вечерта беа пријавени дека се оддалечиле од домот.
Портпаролот на СВР Стефан Димоски информира дека малолетничките биле пронајдени во Скопје и ќе им бидат предадени на родителите
- Полициски службеници од ЕБР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје, денеска во центарот на Скопје ги пронајдоа двете малолетни девојчиња А.С.(15) од селото Ложани и Т.П. (14) од селото Мороишта, и тие ќе бидат предадени на родителите, изјави Димоски.
Двете девојчиња, според него, и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и биле враќани.
Двете малолетнички биле пријавени во средата вечерта во Полициската станица во Струга дека се оддалечиле од дома од мајката на едно од девојчињата.
Ново на Сител
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз
-
Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла