Пронајдена рачна бомба кај Дебар
Покрај регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на Дебар, вчера, пронајдена е рачна бомба, која е безбедно подигната од надлежните, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
-Вчера околу 9:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека, покрај регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на Дебар, била пронајдена рачна бомба. Увид на местото извршија екипи од ОВР Дебар и Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово, по што, бомбата е безбедно подигната од претставници на Дирекцијата, изјави Димоски.
Последниот ден од септември, на крајбрежјето на Дебарското Езеро, кај месноста „Венец“ беа пронајдени две неисправни минофрлачки гранати и една рачна бомба од Втората светска војна, додека неколку дена претходно, исто така, во близина на Дебарско Езеро беа откриени седум рачни бомби од Втората светска војна.
Сите експлозивни направи беа безбедно подигнати од претставници на ДЗС за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Шеснаесет години од бродската несреќа во Охридското Езеро
-
Песков: Странски воени сили не може да бидат гаранција за безбедноста на Украина
-
За вечерва закажан голем стуентски протест во Нови Сад
-
ЦУК: Осум пожари на отворено - седум изгаснати, еден под контрола
-
Продолжува судењето против поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози
-
Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година
-
ОДИХР почнува со следење на локалните избори
-
УНИЦЕФ: „Незамисливото“ во градот Газа веќе се случува