Македонија
30. March 2023 - 11:20

Пронајдена дрога при претрес во Кавадарци, уапсено едно лице

Полицијата предмалку соопшти дека полициски службеници од ПС Кавадарци уапсија 35 годишен кавадарчанец.

Од МВР велат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, се пронајдени и одземени едно пакување со марихуана и дигитална вага.

Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, се додава од полицијата.