Македонија
14. August 2024 - 18:39

Пронајден починат маж во Спортско - рекреативниот центар Сарај

Во Спортско - рекреативниот центар Сарај кај Скопје ноќеска по полноќ, од страна на полицијата бил пронајден починат маж на возраст од 43 години, соопшти МВР.

-Денеска (14.08.2024) околу 01.20 часот во Спортско - рекреативниот центар Сарај, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле починат И.Џ.(43) од Скопје, наведуваат од МВР.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.