Промовиран романот „Златко-Златец“ од Велко Неделковски
Романот „Златко-Златец“ од Велко Неделковски денеска беше промовиран во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Авторот е добитник на наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра книга за деца и млади за 2015 година.
Ова е 20 книга на Неделковски, а издавач е „Антолог“ од Скопје.
За новиот роман на Неделковски зборуваше универзитетска професорка Весна Мојсова-Чепишевска, која истакна дека во интервал од 40 години творештво посветено на децата и младите, од неговата прва збирка раскази „Леб за тате“(1975), до книгата „Златко-Златец“, (2015) се случуваат 20 книги потпишани од него.
- Книгата „Златко-Златец“ е организирана како серија од четири мини романи, а времето во приказните е распослано низ четири месеци, од август до ноември, рече Мојсова-Чепишевска.
Главен лик во книгата е деветгодишно момче Златко и неговото семејство. Опишани се авантурите на Златко и другарите Мишко, Марче, Горан и Зоран и со другарките Летка, Снеже, Маринока и Јана. Во романот се третираат темите-потребата за домашно милениче во семејствата со едно дете, другарството, првата љубов, жедта за аплауз и популарност...
- Приказните за Златко-Златец стрелаат директно во детското срце, потенцира Мојсова-Чепишевска.
Актерот Томе Витанов потсети на животот и делото на авторот и читаше извадоци од романот „Златко-Златец“.
На промоцијата присуствуваа и учениците од основното училиште „Војдан Чернодрински“ од Скопје, кои се дружеа со писателот и му поставуваа прашања за неговото творештво.
Велко Неделковски е македонски раскажувач, романсиер, драмски писател, поет и сценарист. Напишал и објавил голем број книги за најмладите читатели.
Ново на Сител
-
Клековски: За само една година направиме две промени во позитивната листа , го зголемивме и бројот на ин витро постапки од 3 на 6
-
Мајор уапсен за шпионажа: Наводно доставувал информации на Русија за украинските борбени авиони
-
Над 100 луѓе се убиени во израелски напади во Појасот Газа за еден ден, соопштија здравствените власти во енклавата
-
Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги
-
Жители на Русиново остануваат на терен по синоќешниот пожар кај месноста Св Марко кој е локализиран
-
Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје
-
Илјадници обожаватели се простија од Ози Озборн
-
Трамп воведува 25 отсто царина на индиска стока, критикувајќи ги врските со Русија