Промоција на пробациската служба во Република Македонија
Управата за извршување на санкциите и Германската Фондација за меѓународна правна соработка IRZ денеска организираат тркалезна маса за промоција на пробациската служба во Македонија и придобивките од заживување во пракса на системот за алтернативно санкционирање на сторителите на кривични дела на слобода (во заедницата).
Настанот се одржува во рамки на активностите на твининг проектот „Јакнење на пенитенцијарниот систем и пробациската служба “, финансиски поддржан од Делегацијата на Европска Унија во Скопје.
Најавено е обраќање на заменик министерот за правда Оливер Ристовски, директорот на Управата за извршување на санкциите Јовица Стојановиќ и експерти од Германија во областа на правосудствотo и пробацијата.
На тркалезната маса поканети се претставници од сите релевантни институции за извршување на пробациски работи, судови, обвинителства, Академијата за обука на судии и јавни обвинители, адвокатската комора, казнено-поправните установи, претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерство за внатрешни работи, Министерсво за здравство, Министерството за локална самоуправа, претставици од локалната самоуправа, народниот правобранител, невладините организации, Агенцијата за вработување…
Ново на Сител
-

Денеска ќе биде погребан Ратко Младиќ
-

Сончево и топло со температура до 35 степени
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната

