Македонија
7. јуни 2016 - 9:03

Промоција на „Посланија и риданија“ од Кочо Топузоски

Промоција на поетската книга „Посланија и риданија“ од Кочо Топузоски ќе се одржи денеска во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во Скопје.  

На страниците од своето најново поетско дело во издание на издавачката куќа „Дијалог“, авторот застапува 70-тина песни, во кои пее за судбински теми од нашата историја и сегашност.

За делото ќе говори проф.д-р Кристина Николовска, а стихови ќе интерпретира  артистот Александар Џуровски, со музичка придружба на Христо Христоски-Мулар. 

Ново на Сител