-->
-->
Промоција на АМС во Прилеп
-->

Преку 150 дечиња од Прилеп, заедно со нивните родители, денеска беа дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт, симболично наречен “Спортот и семејните вредности”. Спортската сала на училиштето "Ристе Ристески - Ричко" беше средиште на многу насмеани детски лица и задоволни родители, кои преку спортот и дружбата имаа можност да ги зајакнат семејните вредности и врски.
Прилеп е третиот град во државава, после Скопје и Штип, каде се одржува овој нов проект на Агенцијата за млади и спорт.
Фудбал, ракомет, одбојка, но и друштвените игри од типот “Здрвен дедо”, штафета со топки, балансирање и игра на прецизност беа само дел од спортовите и игрите кои се практикуваа од младите прилепчани и нивните родители, преку кои семејствата имаа можност да ја проверат координацијата, издржливоста и концентрацијата.
Проектот го промовираше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој потенцираше дека само со вакви проекти може да се придонесе кон зајакнување на семејните врски преку спортот и дружбата и да придонесеме кон создавање на психофизички здрава и силна нација.
"- Со овој благороден проект, верувам дека ќе придонесеме кон создавање на стабилни и силни врски помеѓу родителите и децата. Спортот ја имаа таа моќ да ги зближува луѓето, но истовремено ги учи младите дека нема кус пат до успехот. Токму таа порака сакаме да ја испратиме преку овој проект. Децата повеќе да спортуваат, а родителите да поминуваат повеќе време со нивните деца. Денеска нема да има победници и победени, денеска ќе победи дружбата, а за сите учесници ќе има соодветни награди во спортска опрема"- изјави директорот Спасески и го искажа задоволството од големиот интерес кај прилепчани за овој настан.
Првиот човек на Прилеп, градоначалникот Ристески се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт што го одбрале Прилеп како дестинација за реализација на овој благороден проект, бидејќи како што рече, Прилеп има голема спортска традиција. –“Денеска Прилеп ги слави спортот и дружбата и ме радува тоа што нашите сограѓани во олку голем број се одзваа на нашата покана и уште еднаш потврдија дека сакаат вакви позитивни и проактивни настани” – заклучи Ристески.
Иницијативата на Агенцијата за млади и спорт во следниот период ќе се прошири и во други градови низ Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
-

Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци
-

Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година, се надевам дека 2026 година ќе биде понормална
-

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на пешак на кејот на Вардар
