Прогнозата вели, цела недела снег за Божиќ
Рано утринава магливо е во дел од скопската котлина и локално долж повардарие. Но, оваа магла ќе се расчисти во претпладневните часови. Доцна претпладне се очекува да задува слаб до умерен северен ветер. Попладне се очекува претежно ведро време во поголем дел од земјава.
Денеска очекуваме температурен максимум со вредност околу 10°С, повисоките места и охридско преспанскиот регион ќе очекуваат вредности околу 11°С, а во гевгелискиот крај околу 15°С.
Сабота ќе биде претежно ведра, а температурата во однос на петок за околу 1°С пониска.
Недела, претежно ведра, со минимални услови за појава на слаба магла наутро и навечер низ котлините. Во однос на сабота, температурата ќе биде во пораст за околу 1-2 целзиусови степени.
Според долгорочните прогнози кои не се секогаш прецизни, снегот најверојатно во скопската котлина ќе дојде во јануари.
Се очекува снег да има и за бадниковата вечер. но со оглед на температурите, не се очекува тој да се задржи и да формира снежна покривка.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд