Продолжува општата расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот
Собранието денеска, во рамки на 47 седница, треба да ја продолжи општата расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот во кој се вметнати и осумте амандмани усвоени на Комисијата за финансирање и буџет. Општата расправа почна во четвртокот, а може да трае пет дена.
Според министерот за финансии Фатмир Бесими, предложениот ребаланс ги отсликува економските и социјалните политики што ќе ги спроведува Владата, насочени кон остварување на клучните цели утврдени со стратешките приоритети.
-Приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон определбата за поддршка на економијата со инвестиции на инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку зголемено учество на капиталните расходи, како и зајакнување на процесот на планирање, извршување и известување за јавните финансии, рече Бесими, образложувајќи го ребалансот на Буџетот пред пратениците.
Министерот повтори дека здравјето на граѓаните, економијата, финансиите и општество воопшто остануваат клучни приоритети за оваа година.
Пратениците се со поделени ставови. Изминатите денови во текот на собраниската дискусија, пратениците од СДСМ повторија дека ребалансот е развоен и дека со него се зголемуваат средствата за инвестиции и за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19.
Нивните колеги од опозицијата, пак, останаа на оценката дека буџетските проекции се за предизборен поткуп и претставуваат одраз на неодговорното работење на оваа Влада. Ја обвинија Владата за немање соодветна економска политика поради што странските инвеститори ја заобиколуваат земјава и за непродуктивно трошење на средствата.
Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот ќе продолжи денеска, во 12 часот. На дневен ред на 47-та седница, по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2021 година, се уште 46 точки. Како втора точка е Предлог-резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, која првично требаше да биде деветта точка.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати