Продолжи конститутивната седница на Собранието
Во рамки на денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Петар Атанасов од СДСМ побара од претседавачот Трајко Вељаноски да се повлече и да му овозможи на најстариот пратеник да ја води седницата за, како што рече, да има продуктивна работа.
Стефан Богоев од СДСМ, пак, побара да престане, како што нагласи, небулозната дискусија со реплики и контрареплики и да и се овозможи на државата да оди напред.
Љупчо Димовски од СПМ нагласи дека граѓаните на нови и брзи непосредни парламентарн избори треба да одлучат дали ја поддржуваат тиранската платформа и се она што го договрило СДСМ со партите од албанскиот блок за создавање постизборно ново парламентарно мнозинство.
Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека работата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е многу одговорна и затоа, како што рече, не е сеедно кои пратеници ќе бидат избрани за претседател и нејзини членови. Додаде дека во минатото во Собранието за само еден ден и набрзина се носени многу одлуки кои имале далекусежни последици за земјава, како што се приватизацијата, откажувањето од Македоците во соседството, доделувањето државјанства на косовски граѓани, новата територијална организација,...
По неговото обраќање следеше серија на дофрлувања од место поради што претседавачот Вељаноски ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за денеска во 15 часот.
Конститутивната собраниска седница, почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом. Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, е предуслов за избор на претседател на Парламентот што е една од точките на седницата.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти