-->
-->
Привремената комисија за медиуми го избира петтиот член
-->

Привремената комисија за следење на медиумското претставување денеска треба да го избере својот петти член.
Комисијата, која беше формирана во согласност со политичкиот договор на четирите најголеми партии, досега е составена од четири членови предложени од партиите, кои со консензус треба да го изберат петтиот член. Според договорот, овој член треба да биде етнички Албанец. Кандидатите до недела поднесуваа свои кандидатури до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми, во рамките на која ќе функционира Привремената комисија.
Согласно законските измени, Комисијата е задолжена да дава оценки во врска со евентуалните прекршувања на изборниот законик од страна на радиодифузерите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
-

Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром, подобрени услуги за патниците
