Приведени три лица од гостиварско поради трговија со кокаин
На 15.01.2021 во 21.30 часот во Гостивар, од страна на инспектори од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар лишени од слобода се К.М.(30), К.О.(20) од Гостивар и О.С.(19) од с.Горна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.
Имено, при преглед кај К.М. биле пронајдени пет пакувања кокаин, кој сакал да им го продаде на К.О. и С.О.. Сите тројца биле приведени во Полициска станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.215 и чл.216 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети