-->
-->
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдени различни видови дрога
-->
Во Штип вчера во 06.30 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода И.В.(34) од Штип и Л.М.(55) од Велес, соопштија од МВР.
- При претрес во домот на И.В., извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Л.М., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, бела прашкаста материја, предмети со остатоци од бела материја, дигитална вага и други предмети поврзани со делото, се наведува во соопштението.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана