Приведен возач кој вршел превоз мигранти од Авганистан и Пакистан

На 30.04.2016 година во 06.40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на раскрсницата за Велес - Штип, од страна на полициски службеници било сопрено патничко моторно возило „Опел Сенатор“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(19) од Неготино.
По извршениот преглед во возилото биле пронајдени девет лица мигранти од Авганистан и Пакистан. Заради расветлување на настанот, македонскиот државјанин бил лишен од слобода и приведен во полициска станица од ОН - Велес. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство на РМ за гонење на сторители на КД од областа на организираниот криминал и корупција Скопје. Против К.Ѓ. е поднесена кривична пријава поради основи на сомневање за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”. Истиот е спроведен до Основното јавно обвинителство и Основниот суд Скопје-1. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка куќен притвор.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
