-->
-->
Приведен радовишанец баран со централна потерница
-->
На 11.06.2021 во 21.15 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Одделение за потрага и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во содејство со СВР Штип, на регионалниот пат Плачковица-Штип, с.Таринци, бил лишен од слобода Е.А.(33) од Радовиш. За него била распишана централна потерница за доиздржување на затворска казна од 4 години, 9 месеци и 5 дена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Лицето е осудено на вкупна затворска казна од 7 години и 3 месеци, во врска со чл.378 од Кривичниот законик. Е.А. бил предаден во СВР Штип за понатамошна постапка по што ќе биде предаден во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром
-
Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија
-
Истрага против дилер на дрога во Скопје
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево