Приведен крадец во Штип, расчистени две кривични дела
– Полициски службеници од СВР Штип вчера го лишиле од слобода штипјанецот Д.М.(33), кој се сомничи дека на 29 јули на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин, одземајќи ѝ ташна и мобилен телефон на 82-годишна жена.
-Д.М. извршил и кривично дело „кражба“ на 30.07.2022, при што од работна просторија во состав на Клиничката болница Штип одзел торба со лаптоп компјутер и други предмети, сопственост на вработен во болницата. Во просториите на СВР Штип при извршен службен разговор, осомничениот ги појаснил времето, местото, начинот и околностите на вршење на кривичните дела, како и на лицата на кои им ги продал одземените предмети. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на оштетените граѓани, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против Д.М. до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници