-->
-->
Приведен измамник од тетовско, следува соодветна пријава
-->
– Полициски службеници на СВР Тетово, денеска во 10:30 часот, го лишиле од слобода К.А.(52) од тетовски Бродец. Тој се сомничи дека во претходниот период измамил 41-годишен жител на тетовско село и 48-годишен тетовец.
-Како што вчера во полициска станица пријавиле двајцата оштетени, К.А. им ветил дека ќе им помогне да добијат одредени документи за што во неколку наврати му давале пари. Исто така, според пријавеното, откако ги земал парите престанал да им се јавува и не им ги обезбедил ветените документи. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи