Приведен градоначалникот на Истанбул во антикорупциска акција

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, утринава е приведен, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Претходно денеска, медиумите објавија дека е издадена наредба за негово приведување. Имамоглу, кој е од редовите на опозициската Народнорепубликанска партија (НРП), е мета на полициска истрага поврзана со сомневања за корупција и поврзаност со терористички организации.
Полициски екипи го претресуваат неговиот дом, а пред резиденцијата има засилено полициско присуство, покажуваат снимките на Си-Ен-Ен Турк.
Утринава беше уапсен и неговиот портпарол Мурат Онгун, јавува опозицискиот весник „Џумхуриет“. Се тврди дека е изготвен список со над 100 бизнисмени и новинари за кои е издадена наредба за апсење.
Неколку метро станици во Истанбул се затворени, а одобрените одмори на полицајци се укинати.
На локалните избори на 31 март минатата година, НРП оствари значајна победа, освојувајќи мнозинство во неколку големи градови, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, со што владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби доминантното влијание на локално ниво.
Ново на Сител
-

Наталитетот зголемен, но природниот прираст и натаму негативен
-

Помалку склучени, а повеќе разведени бракови
-

Сиљановска-Давкова на Балканскиот форум за интеграција 2025 во Црна Гора
-

Папата Лав Четиринаесетти денеска во Истанбул и Изник: Средби, посета на свети места и чествување на Никеја
-

Национален штрајк во Италија: Засегнати железницата, транспортот, образованието и здравството
-

Трамп: САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет“
-

Почна божикниот пост
-

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините снег
