Македонија
16. February 2022 - 9:16

Приведен 42 годишен скопјанец баран со централна потерница

На подрачјето на Единицата за внатрешни работи Аеродром во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера е лишен од слобода Б.А.(42) од Скопје за кого била распишана централна потерница поради сомнение за сторено кривично дело по чл.239 од Кривичниот законик.

-Б.А. е приведен во полициска станица и од него се одземени товарно возило „фиат добло“, за кое се барал, и други предмети поврзани со кривичното дело и вратени на сопственикот, информира МВР.

По документирање на случајот против Б.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.