Притвор за три лица од Дебреште осомничени за продажба на дрога
На барање на Основното јавно обвинителство Прилеп, Основниот суд Прилеп им определи мерка притвор од 30 дена на три лица од село Дебреште, осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што соопшти прес-службата на државното Јавно обвинителство, првоосомничениот неовластено заради продажба организирал пренесување, а второ и третоосомничениот неовластено заради продажба пренесувале 14.472,8 грама хашиш спакуван во најлонска вреќа и 31.147,4 грама марихуана спакувана во три најлонски вреќи. Откако првоосомничениот ја набавил дрогата од непознато лице, му кажал на второосомничениот од каде да ја подигне за да ја пренесе до местото викано Песјо Брдце-Прилеп, каде што требало да се изврши купопродажбата.
-На 4 септември 2020 година второосомничениот заедно со третоосомничениот ја подигнале дрогата и ја ставиле во возило во сопственост на третоосомничениот, по што околу 20,30 часот пристигнале на договореното место. Третоосомничениот ги извадил четирите вреќи со наркотичната дрога и ги ставил покрај патот, а второосомничениот се упатил кон комбе кое претходно било паркирано, во кое сметал дека се наоѓа купувачот на дрогата, при што бил пресретнат и фатен од страна на овластени полициски службеници, соопшти ЈО на РМ.
Јавниот обвинител ја предложил мерката притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп заради обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка.
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
