-->
-->
Природниот прираст негативен, бројот на склучени бракови зголемен за 140,8 отсто
-->
Во второто тримесечје од 2021 година се родиле 4 604 бебиња што е четири проценти помалку во споредба со истиот период лани. Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 40,2 отсто и изнесува 7 496 лица, Од починатите, 13 биле доенчиња.
Според Државниот завод за статистика, природниот прираст е негативен и изнесува -2 892, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 140,8 отсто во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 2 769 бракови. Во ова тримесечје се добиени 501 извештај за разведените бракови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
