Примени нови 90 професионални војници во АРМ

Нови 90 професионални војници, кои поминаа преку ригорозен процес на селекција кој вклучува медицински и психофизички проверки, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје беа примени на служба во Армијата на Република Македонија.
Шест од 90 новопримени војници се жени, а една од нив ќе биде дел и од Полкот за специјални операции.
Честитајќи им на новопримените професионални војници, министерот за одбрана Зоран Јолевски им порача дека униформата на АРМ претставува гордост и престиж за секој граѓанин на Република Македонија.
- Во изминатиот период вие поминавте низ ригорозен процес на селекција и докажавте дека сте најдобри меѓу најдобрите. Вие имавте силна волја, мотивација и желба да бидете избрани и да ја носите униформата на Армијата на Република Македонија, рече Јолевски. Нагласи дека треба да работат посветено, чесно и хумано.
Министерот за одбрана истакна дека годинава АРМ ќе го прослави својот 25 роденден.
- Сите овие години, од почетокот па до денес, упорно и посветено ја градиме Армијата која ќе биде подготвена за заштита на националниот и територијалниот интегритет на Република Македонија и да ги изврши своите други уставни функции, рече Јолевски. Додаде дека храброста, патриотизмот, обученоста, чесноста и одважноста се препознатливи и ценети за припадниците на АРМ.
Со денешната промоција на девет нови професионални војници во специјалните сили, како што рече, се подобрува квалитетот и на Полкот за специјални операции.
Главниот наредник Миле Донев истакна дека новите професионални војници поминале месец и половина во Армијата, обука во нивните матични единици.
- Со завршувањето на заедничката обука не завршува војничкото надоградување. Патот до висококвалитет борец и припадник на АРМ е долг и макотрпен, полн со бројни предизвици и само добро обучен и храбар војник може да се справи со денешните многубројни закани по одбраната и безбедноста на Република Македонија, рече Донев.
На свечениот прием на новите професионални војници присуствуваа претставници на Министерството за одбрана и на АРМ.
Ново на Сител
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
