Прилепскиот театар е првиот објект кој доби забрана за користење поради лошите услови
24 објекти добија забрана за користење, а од нив само еден е државен. 36 правни субјекти заедно со нивните одговорни лица добиле парични казни. Дирекцијата за заштита и спасување досега направила проверка во вкупно 73 правни субјекти.
Прилепскиот народен театар е првот објект опфатен од мораториумот за објекти кои немаат минимум технички услови. По барање на Центарот за култура „Марко Цепенков“, Дирекцијата за заштита и спасување направила контрола по што усно врачила решение за забрана на користење на објектот. Тоа значи дека на неопределено време забранати се сите претстави и настани, но ќе продолжат да се одржуваат сите проби додека Театарот не добие и писмена забрана.
Засега не се знае кои се објекти ќе бидат опфатени во мораториумот кој го најави Владата, но оттаму уверуваат дека надлежните транспарентно ќе ги објавуваат сите објекти кои ќе добијат забрана за користење.
- Тој мораториум е со цел да се надминат сите недоследности коишто ќе бидат утврдени. Се разбира, во тој рок ќе мора, задолжително, сите неправилности, без разлика дали станува збор за државни или приватни објекти, да бидат надминати. Јасно кажавме дека аналитички пристап во овој процес нема да имаме. Ние мораме да дејствуваме со итни чекори, исти постапки се со цел да спречиме идни вакви несакани трагедии, вели портпаролката на Владата Марија Митева.
Дирекцијата за заштита и спасување е институцијата ќе треба да ги провери објектите на државните институции – дали во нив се почитуваат противпожарните стандарди, но и дали имаат минимум технички услови.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар