При крај откупот на тутунот, досега откупени 90 проценти од договорените количини
Откупот на тутунот од реколтата 2018-та е при крај и досега се откупени 90 проценти од договорените количини. Од Министерството за земјоделство информираат дека заклучно со 22 февруари откупени се околу 25 милиони килограми со просечна цена од 241,34 денари по килограм.
Од страна на откупните претпријатија досега на тутунопроизводителите им се исплатени над пет милијарди денари, односно 96 проценти од откупените количини тутун.
Во годинашната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со девет откупни претпријатија. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29 илјади тони тутун, а откупот завршува на 15 март.
Од ресорното Министерство информмираат дека подрачните единици пријавиле 23.430 издадени евидентни листови што споредено со реколтата 2017 изнесува зголемување за 57 евидентни листови и се склучени над 4.700 повеќе договори.
– За зголемениот интерес големо влијание имаше високата откупна цена на тутунот од реколтата 2017 која изнесуваше 217,60 денари за килограм, како и новиот модел на зголемени субвенции според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи, велат од ресорното Министерство.
Оттаму додаваат дека новата производствена реколта ќе стартува според постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи и оти и годинава ќе се издаваат евидентните листови односно т.н „бели картони“.
Овие евиденти листови ќе бидат укинати со новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи кој е во собраниска процедура. Укинувањето ќе биде од 2020 година со што ќе се намалат административните процедури и тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Со новиот Закон за тутун се предлагаат и одредби за уредување на сродните тутунски производи и тоа несогорливи производи од тутун, електронски цигари и растителни (билни) производи за пушење. Одредбите од законот кои се однесуваат на поимите дефинирани за несогорлив тутун и електронска цигара ќе бидат употребени за определување на надоместок согласно Законот за акцизите од 1 јули 2019 година.
Ново на Сител
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата
-
Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
-
Дисциплинска комисија на ФФМ: Одземени 9 бода на ФК Гостивар и десет натпревари забрана за настап на свој терен