Ракомет
21. January 2023 - 20:11

Президент куп: Македонија поразена од Тунис

Ракометната репрезентација на Македонија која во Президент купот се бори за подобар пласман на СП во Полска и Шведска денеска е поразена со 33-27 од селекцијата на Тунис . 

Избраниците на селекторот Лазаров во првиот дел започнаа слабо и дозволија противникот да дојде до предност од два гола на крајот од првиот дел. 
Во вториот дел многу подобра игра во одбраната што донесе пресврт и водство од 18-17. Потоа пад во играта што Тунис го искористи да се одлепи на плус четири што на крајот им донесе победа од 6 голови разлика. 
Кузмановски и Манасков постигнаа по 7 погодоци во нашиот тим. 
Следен противник за два дена е Мароко.