Презентирани владините мерки за финансиска поддршка на инвестирањето пред прилепските компании
Прилепската регионална стопанска комора со формирање комисија ќе им помогне на компаниите правилно да аплицираат за владината финансиска поддршка во инвестирањето, но и за изготвување бизнис план, беше соопштено од Регионалната стопанска комора во Прилеп при денешната средба на прилепските стопанственици со министерот без ресор, задолжен за странските инвестиции Зорица Апостоловска и со претставник од Фондот за иновации и технолошки развој.
Според Ирена Јакимоска, претседател на Прилепската регионална стопанска комора, компаниите и комората ги поддржуваат владините мерки.
- Во Прилепско има компании кои се претежно извозно ориентирани, добро етаблирани во македонските стопански текови. Ги поддржуваме сите мерки кои ги донесе Владата за стимулирање на инвестициите, и пред се, на извозните компании и најбитно е што мерките се носат заедно со барањата на членките на Стопанската комора. Ние ќе им помогнеме на нашите членки да аплицираат за владино субвенционирање и во изработката на бизнис планот. За брзо ќе формираме работна група која ќе им помогне на компаниите да дојдат до владините субвенции, рече Јакимоска.
Министерката Апостоловска нагласи дека денеска пред прилепските компании Владата ги приближува сите услови, финансиски поддршки и можности со кои може да се запознаат компаниите и додаде дека подршката е подеднаква за домашните и странските компании.
- Во рамките на пакетот за економски развој и раст на државата беше донесен Законот за поддршка на инвестициите, а потоа и правилниците за спроведување на тој закон, така што е создадена правната рамка за имплементирање на тој пакет што ќе значи поддршка на инвестирањето. Овде сме да ги приближиме сите услови, финансиски поддршки и можности со кои може да се запознаат компаниите од Прилепскиот регион. Со финансиските мерки државата е подготвена да им даде поддршка не само на странските, туку и на домашниоте компании, и не прави никаква разлика, а тоа ќе се одвива транспарентно, изјави Апостоловска.
Ќе има поддршка, прецизира, за нови вработувања, во извозот, во доменот на освојување нови пазари, во воспоставувањето технолошко-развојни центри.
- Посебно вмимание ќе се обрне на соработката на домашните со странски компании како нивни партнери во производствениот циклус на странските инвеститори кои се веќе етаблирани во државава, а и тие што допрва би дошле. Оценивме дека е добро на средбата да биде присутен и претставник од Фондот за иновации и технолошки развој поради малите и средни претпријатија, посочи Апостоловска.
За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски ова е потврда на владината, но и на заложбата на локалната самоуправа за економски раст и развој.
- Оваа средба е потврда на промоцијата за раст и развој на економијата и за странското инвестирање во Прилепскиот регион, а ги промовира локалната и централната власт. Ова значи дека се стимулира економијата, а локалната самоуправа сесрдно ќе помогне во тој процес, рече Јованоски.
Ново на Сител
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро
-
Кражба во црква во Штип
-
Во Гевгелија започна изградбата на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра и отворање на 350 нови вработувања
-
Процесот е во финална фаза, очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата од унгарскиот заем до компаниите, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза