Претседателски избори во Португалија, земјата во „локдаун“
Жителите на Португалија, кои главно се наоѓаат во своите домови поради строгиот „локдаун“ воведен со цел да се спречи ширењето на Ковид-19 во земјата, денеска избираат нов претседател, но многумина стравуваат дека излегувањето на изборите би можело да го влоши растечкиот број на новозаразени од коронавирус, па затоа се очекува мала излезност.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека актуелниот претседател Марсело Ребело де Соуса од Социјалдемократската партија најверојатно лесно ќе победи на изборите за шеф на државата, кој главно има церемонијални задолженија.
Левичарската кандидатка Ана Гомеж е на второ место, според прогнозите, со 13,5 – 14,5 отсто поддршка од гласачите, а лидерот на десничарската популистичка партија „Доста“, Андре Вентура е трет со поддршка од 10 – 12,5 отсто.
Минатата недела во спроведена анкета на истражувачкиот институт ИСЦ/ИСЦТЕ, речиси две третини од испитаниците изјавиле дека изборите треба да се одложат поради пандемијата на Ковид-19. Но одложувањето на изборите би барало и промена на Уставот на земјата, за што официјални претставници изјавиле дека тоа не е можно во краток рок.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица