Претседателот на Собранието Африм Гаши се сретна со евроамбасадорот Дејвид Гир

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари прва средба по изборот на функцијата, со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници на Делегацијата на Европската Унија во земјава.
-Честитајќи му го изборот на Гаши за претседател на Собранието, амбасадорот Гир изрази очекување дека новиот парламентарен состав ќе работи посветено во остварување на стратешката цел на земјата за полноправно членство во Европската Унија, информираат собраниските прес-служби.
Гаши се заблагодарил за, како што рекол, недвосмислената и континуирана поддршка на европските институции за процесот на проширување.
-Тој го поздрави Планот за раст на Западен Балкан, кој, како што рече, треба дополнително да го поттикне регионот да се подготви за членството во ЕУ, посебно преку спроведување реформи во делот на владеењето на правото, зајакнувањето на демократските институции, борбата против корупцијата, економскиот развој, се вели во соопштението од Собранието.

Соговорниците разговарале и за можностите за продолжување на „Жан Моне“ дијалогот, кој го оцениле како мошне ефикасен и целисходен во изминатиот период, при што Гаши посочил дека новиот собраниски состав веќе функционира врз основа на новиот Деловник.
Претседателот на Собранието, исто така, изразил задоволство за тоа што новата Методологија на ЕУ за проширувањето предвидува засилена улога на парламентите во преговорите, уверувајќи дека новиот парламентарен состав ќе се вложи целосно во овој процес.
Претседателот Гаши и евроамбасадорот Гир размениле мислења и за престојните избори за Европскиот парламент, како и за претстојниот избор на нова влада во земјава. Тие разговарале и за процедурите за донесување на законите во Собранието, за зајакнувањето на надзорната функција на Собранието во однос на извршната власт, како и за понатамошното усогласување со законодавството на ЕУ.
Ново на Сител
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
-

Мурињо се согласи на двегодишен договор со Реал, услов е Перез да биде реизбран
