Претседателот на Полска утре пристигнува во дводневна посета на земјава
Полскиот претседателот Анджеј Дуда утре ќе допатува во дводневна официјална посета на земјава, во чии рамки в петок ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.
Како што соопшти Кабинетот на полскиот претседател, посетата на земјава, Дуда ќе ја почне утре вечер со церемонија на доделување Медал на претседателот на Република Полска на Здружението на полската заедница во Македонија „Полонија“.
Според најавата, Дуда в петок ќе биде пречекан со највисоки државнички почести од претседателот Пендаровски во Вилата Водно, каде ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следат пленарни разговори на делегациите на двете земји. Двајцата претседатели по средбите ќе одржат заедничка прес-конференција.
Дуда и Пендаровски истиот ден ќе се обратат и на отворањето на Полско-македонскиот економски форум, што ќе се одржи во хотелот Мериот во Скопје.
Во рамки на посетата шефот на полската држава ќе положи венец на гробот на националниот херој Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.
Полскиот претседател денеска престојуваше во Црна Гора, каде во рамки на еднодневната официјална посета одржа средби со црногорскиот државен врв.
Ново на Сител
-

Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис со многу високо ниво на THC, пристигнати од Канада
-

Симовски: Дадовме солиден отпор против светскиот вицепрвак
-

ЦУК: Вкупно 31 пожар, три активни, четири под контрола
-

ЕЦБ се очекува да ги зголеми каматните стапки бидејќи војната во Иран ја турка инфлацијата нагоре
-

Трамп: Путин сака договор за завршување на војната во Украина
-

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новиот погон на „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор и проширувањето на ЕУ
-

Сончево и топло, попладне со услови за локален пороен дожд
