Претседателот на Мозамбик стравува дека во циклонот Идаи можеби загинале илјада луѓе

Бројот на загинати во Мозамбик по циклонот Идаи кој го разурна регионот изминатиот викенд, може да достигне до илјада лица, изјави денеска претседателот на земјата Филипе Нијуси.
По посетата на регионот кој беше погоден од невремето, тој изјави дека досега се потврдени 84 смртни случаи, но информациите од спасувачите и штетите кои се гледаат од воздух го навеле да стравува дека можеби загинале до илјада луѓе.
Бурата која достигна четврта категорија, пристигна во петокот и во централниот дел на Мозамбик ветровите достигнаа до 160 километри на час, пред да почне да слабее и да тргне кон Зимбабве.
Заменик-министерот за информации на Зимбабве Енерџи Мутоди денеска изјави дека во неговата земја загинале 89 лица, што е двојно повеќе од она што беше соопштено за време на викендот.
Ново на Сител
-

Најмалку 39 луѓе загинаа во железничка несреќа во Шпанија
-

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Православните верници го слават Богојавление-Водици
-

Студено и сончево, минималната температура - 8, максималната 6
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
