Претседателот на Европската Асоцијација на Еразмус координатори во посета на штипскиот Универзитет

Директорот на Асоцијацијата на Еразмус координаторите и на европската канцеларија за кариера, Грегорис Макридес денеска одржа предавање на студентите и професорите за можностите што ги нудат овие две асоцијации, но и останатите фондови на ЕУ за реализирање на проекти од научната сфера.
- Целта е да се стимулира иновација меѓу европските фондови, фондови кои ќе ги користат сите земји на Европа. Оваа земја има право да учествува, една од најактивните е во Еразмус Програмата, а ја има и во други програми. Постојат многу можности во Фондовите, а денеска ќе прикажеме неколку идеи и како да се развиваат, вели Макридес.
Смета дека македонските универзитети треба да бидат поактивно вклучени во конферциите на Еразмус програмата, а програмата како што рече нуди мобилност на студентите и професорите, како и поголемо знаење и искуство во делот на научно истражувачките проекти.
Макридес денеска имал средба со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев, на која што штипскиот ректор се интересирал за можностите за остварување на соработка и вмрежување со други европски универзитети. Прашан дали македонските универзитети имаат проблеми поради политичкиот спор со соседна Грција, Макридес вели дека меѓу универзитетите постои соработка.
- Мислам дека соработката преовладува. Ги разбирам споровите, но, работиме и се надевам дека политичките проблеми нема да ја надвладеат соработката, вели Макридес.
Деканот на Електро-техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Татјана Атанасова – Пачемска вели дека претседателот на двете европски асоцијации е гостин во Штип во рамките на проектот Математичка дебата, кој што официјално стратуваше на 1 декември 2016 година, а е подджан од Еразмус Програмата.
Ново на Сител
-

Зеленски: Украина е подготвена за мировен договор со САД и Европа
-

Радост на сопственото постоење | Симона Петреска | Sitel Podcast 127
-

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени
-

Од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
-

НИС соопшти дека останале без нафта; НБС - Прекинуваме платен промет со НИС ако не добие лиценца
-

Лавров: Русија ја чека преодната верзија на американскиот план за Украина
-

Ако Русите не го продадат НИС за 50 дена, ќе воведеме принудна администрација, најави српскиот претседател
-

33-годишен затвореник починал во Охридската болница
