Претседателот на австриската еврејска заедница го повика Курц да не коалицира со ФПО
Еврејската заедница на Австрија упати повик до мандатарот Себастијан Курц да не формира влада со националистичката Партија на слободата (ФПО) на Хајнц Кристијан Штрахе.
- Кога националистичкиот волк ќе се преправи во сина овца, тоа не го менува неговиот карактер туку само неговиот изглед, пишува во отвореното писмо што Оскар Дојч, претседател на најголемото еврејско здружение во Австрија го упати до Курц.
Народната партија ОВП на Курц победи на изборите и има можност да бира дали да коалицира со идеолошки по-блиската ФПО или пак да ја продолжи традиционалната коалиција со социјал-демократската партија СПО. Во 2000 година Австрија се најде под низа санкции од страна на Европската Унија, откако ОВП формираше влада со ФПО, тогаш предводена од Јорг Хајдер.
Курц изјави дека неговата партија има слични ставови со ФПО по многу прашања. Штрахе, пак, вели дека неговата ФПО е затворена за анти-семити и дека партиските тела бргу реагираат по секој инцидент на говор на омраза насочен против Евреите. Самиот Штрахе го посети меморијалниот центар на Холокаустот Јад Вашем во Израел и вели дека анти-семитизмот е кривично дело.
Ново на Сител
-
Кавадарчанец силувал 26-годишна девојка
-
Вучиќ: Зголемени дејствија на авиони и беспилотни летала со извидувачки намери кон Србија
-
Се тепале татко и син во Куманово, употребен е и нож
-
Загина 35-годишник во сообраќајка на автопатот кон преминот „Богородица“
-
Приватните автобуси до петок ќе возат само до 10 часот наутро
-
И утре посвежо со локален пороен дожд, од петок затоплување
-
Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути
-
Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници