Претседателот Барак Обама идниот месец ќе ја посети Куба

Американскиот претседател Барак Обама идниот месец ќе ја посети Куба, изјавија за Си-Ен-Ен политички и дипломатски извори во Вашингтон.
Засега нема официјална потврда на информацијата на оваа телевизиска компанија, но се очекува таа да биде потврдена подоцна денеска.
Долгоочекуваното патување на еден претседател на САД, на соседна Куба, доаѓа по обновата на дипломатските односи меѓу Вашингтон и Хавана, во декември 2014 година, со што беше окончано полувековното непријателство меѓу двете земји.
Оттогаш, беа олеснети ограничувањата за патување, повторно беа отворени економските канали, а беше постигната согласност и за обнова на воздушниот сообраќај.
Минатата пролет, претседателот Обама првпат имаше средба со кубанскиот претседател Раул Кастро.
Двете земји разменија амбасадори, а одново по повеќе од половина век, беше отворена амбасадата на САД во Хавана, каде пристигнаа американски маринци, за нејзниното обезбедување.
Можноста за посета на Обама на Куба, до крајот на неговиот претседателски мандат, беше споменувана уште минатата година.
Од кубанска страна уследи порака дека Обама е добредојдена, ако не се меша во внтрешните работи на земјата.
Раул Кастро во меѓувреме побара укинување на американското трговско ембарго, воведена на почетокот од шеесетите години на 20 век, тврдејќи дека само тогаш ке може да се зборува за целосна нормализација на односите.
За укинување на блокадата е потребна одлука на американскиот Конгрес, а таму засега нема подготвеност тоа да се направи.
Кастро побара и повлекување на Американците од базата Гвантанамо, на крајниот југоисток на Куба, што од САД беше студено отфрлено.
Најавата Обама да ја посети Куба, беше остро осудено од сенаторот од Флорида, Марко Рубио, кој учествува во трката за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во ноември, оваа година.
Рубио е дета на кубански родители кои пребегнале од островот и се населиле во САД.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
