Македонија
29. August 2023 - 10:16

Претрес во Куманово, пронајдено оружје, одреден притвор за кумановец | ФОТО

На  27.08.2023 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога до Основно jавно oбвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Е. (42) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” предвидено и казниво по чл.396 од КЗ.

Џ.Е. изминатиот период неовластено набавил и во својот дом држел оружје и муниција за оружје, поради што врз основа на издадена Наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Куманово во тек на полициска акција спроведена на 27.08.2023 година од страна на полициските службеници при ЕНТД беа преземени мерки и активности и извршен е претрес во домот и други простории кај лицето, при што пронајдени и одземени се еден пиштол долга деветка со рамка од 8 куршуми калибар 9мм, 28 парчиња муниција за пиштол калибар 9 мм, една полуавтоматска пушка карабин, една ловџиска пушка, 17 метални рамки за муниција за карабин како и 138 парчиња муниција за карабин различен калибар. Лицето е лишено од слобода и изнесено пред Судија на претходна постапка, од чија страна му е  одредена мерка притвор во траење од 30 дена.